Малите валандовчани од детската градинка „Калинка“ попладнево облечени во одела со испишани еко пораки, продефилираа низ главната улица на градот за пригодно да го одбележат Денот на планетата Земја.

Активности по повод одбележување на Денот на планетата Земја денеска имаа уште основците и средношколците од Валандово кои по тој повод одржаа кратко предавање и поделија флаери со основни информации.

Настанот се одржа како дел од Еразмус плус проектот „Сјајот на природата“ со препорака да се инвестира во ефикасни и обновливи извори на енергија и да се намали загадувањето заради забавување на климатските промени предизвикани од човекот.

Наредните две години ОН ќе ја организираат кампањата ,,Зелени градови,, која се окекува да прерасне во глобално движење.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2019 20:12