Најдобриот тим по лигашкиот дел во НБА, Милвоки бакс со чисти 4-0 во победи го елиминира Детроит и се пласира во четвртфиналето од плејофот.
Милвоки ноќеска во четвртиот дуел од осминафиналната серија го совлада Детроит на негов терен со убедливи 127:104. Најдобар играч на натпреварот беше Јанис Адетокумбо со 41 поен и девет скока.
Противник на Милвоки во четвртфиналето ќе биде тимот на Бостон кој исто така со 4-0 експресно ја заврши серијата со Индијана.
На вториот натпревар одигра ноќта меѓу понеделник и вторник, Јута го победи Хјустон со 107:91 и намали на 1-3 во серијата прв до четири триумфи.