Раководството на НБА-лигашот Феникс му врачи отказ на Игор Кокошков кој ја извршуваше функцијата главен тренер, објавија американските медиуми.
Кокошков го предводеше тимот од мај 2018 година. Тој на клупата на „санс“ го наследи Рајан Мекдоно.
По само една сезона, од менаџментот на клубот оцената како неуспешна, првиот тренер од Европа во историјата на НБА доби отказ.
Феникс не успеа да избори плејоф и тоа беше пресудно за смена на тренерската позиција.