Започнаа градежните работи за улицата која води кон резервоарот во селото Габрово. Градежните работи ги изведува фирмата „Фабрика Карпош“ од Скопје, а вредноста на инвестицијата, информираше градоначалникот Горан Трајковски изнесува 872 илјади денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Делчево.

– Изградбата на оваа улица е на барање на жителите кои живеат во овој дел на селото, бидејќи поради лошата конфигурација и непристапност, тешко се движеа пешаци, а немаа пристап ниту возила. Комплетната изградба на улицата која прв пат добива современ лик, треба да се заврши до крајот на месецов, изјави Трајковски.

Претходно, екипи од ЈПКД „Брегалница“ ја реконструираа водоводната линија на улицата што е продолжение на активностите на ЈПКД „Брегалница“ од минатата година, кога беа реконструирани околу 700 метри од водоводната линија.

Потребата од реконструкцијата на водводната линија во селото беше наметната поради честите дефекти во мрежата и проблемите што ги имаат жителите на Габрово со водоснабдувањето.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2019 17:00