Постојано работиме на проекти за намалување на разликите помеѓу градските и селските средини и нашата цел е да обезбедиме инфраструктура за сите. Градиме одговорно, квалитетно и домаќински, за секој граѓанин да добие решение кое ќе му го подобри животот во неговата околина.

Во изминатиот период реализиравме голем број проекти во руралните подрачја на нашата општина. Асфалтирани се неколку улични краци селата Лескоец, Велгошти, Љубаништа и Коњско. Извршена е реконструкција на пристапни патеки и тротоари во селата Косел, Пештани и Горно Лакочереј, а беше извршена и реконструкција на патниот правец Косел-Вапила.

Во наредниот период ќе бидат реализирани и низа активности за уредување и реконструкција на неколку локални патишта во селските средини на општина Охрид. Планирана е изградба на патен правец во село Велгошти до црквата Св.Никола и Реконструкција на локалниот пат од село Вапила до село Расино во должина од 3300 метри. За овие два патни правци веќе се изработуваат основни проекти. Исто така во тек е изработка и на основен проект за Изградба на патен правец од село Лакочереј до село Лескоец.

Во рамки на Годишната програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици планирана е Изградба на локален пат од село Свиништа до црквата Св.Богородица во должина од 1050 метри; Реконструкција на локалниот пат за село Куратица во должина од 5.500 метри; Изградба на дел од локален пат за село Плаќе; Реконструкција на патните правци за селата Завој и Свиништа и Реконструкција на локален пат од Регоналниот патен правец Охрид-Св Наум до автокампот Љубаништа во должина од 990 метри.

Посветени сме на барањата на граѓаните за континуирано подобрување на условите за живеење. Ветуваме реални и остварливи проекти, а охриѓани знаат да ги препознаат вистинските вредности. Ја очекуваме Вашата поддршка и во вториот Изборен круг на 5-ти мај! Само заедно можеме да го направиме Охрид подобро и посакувано место за живеење! Заедно Напред, За Охрид! Заедно за уште една голема победа!

Д-р Константин Георгиески, кандидат за градоначалник на Охрид



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2019 17:35