„ЕЛЕМ-ТУРС“ дооел-Скопје со повеќе манифестации го одбележува јубилејот 25 години од постоењето на хотел „Молика“ на Пелистер.

Според програмата, во хотелот ќе се одржат панел дискусии на тема „Современите видови во туризмоти примената на новите технологии во валоризацијата на Преспанско-Пелагонискиот регион и Национален парк Пелистер како туристичка дестинација“, како и панел за „Преспанско-пелагонискиот регион како туристичка дестинација за четири сезони и нејзина промоција на соодветен начин“.

Хотелот „Молика“ на Пелистер е капацитет од трета категорија со три ѕвезди и прв пат почна со работа на 24 април 1944 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2019 11:11