Минатогодишниот вицешампион Фенербахче оствари триумф над Жалгирис во Каунас со 99:82 (49:41) и со 3:1 победи во серијата си обезбеди место во „Фајнал Фор“ на Евролигата во кошарка.

Турците, кои го освоија првото место во регуларната сезона, започнаа самоуверено и поведоа со 12:3, а на помалку од 2 минути пред крајот на првата четвртина предноста им порасна до 27:10.

Гостите продолжија да го контролираат дуелот, а единствено во почетокот на третиот дел Литванците успеаја да се доближат до 48:52, но следеа 7 последователни поени на Турците и тоа ги олади надежите за пресврт на противникот.

Али Мухамед нанижа 25 поени за Фенербахче, а Костас Слукас придонесе со 15 поени, 10 асистенции и 5 скока.

Брендон Дејвис заврши со 25 поени и 7 скока за Жалгирис. Нејт Волтерс додаде 18 поени, но тоа не беше доволно.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2019 03:38