Центарот за развој на Источно планскиот регион (ИПР) лани обезбеди околу 1.200.000 евра за проекти за 11 општини од регионот. Директорката на Центарот за развој на ИПР, Драгица Здравева, која деновиве го презентираше извештајот пред Советите на општините во целиот регион, вели дека поголемиот дел од средствата се инвестирани во капитални инвестиции, а средствата се обезбедени од фондовите на ЕУ преку Програмата за меѓугранична соработка со Бугарија и од швајцарската Агенција за развој и соработка.

- Можам да кажам дека центарот е ликвиден. Немаме проблеми во тековното работење. Средствата од Министерството за локална самоуправа редовно и во целост се исплатени, рече Здравева.

За 40 отсто повеќе е зголемен бројот на проекти од различен профил, што се реализирани во текот на изминатата година. Ова се должи на нивната заложба, дека интересот на граѓаните е приоритетен во планирањето и реализација на проектите. Таа додава дека и годинава очекуваат да влезат средства од ЕУ фондовите и швајцарската Агенција за развој и соработка, за реализација на капитални инвестиции.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2019 15:45