Градоначалникот но Општина Кичево Фатмир Дехари упати честитка до граѓаните од опшината од христијанска вероисповед по повод Христовото воскрсение – Велигден.
-Ми претставува особена чест и задоволство до сите граѓани на Општина Кичево од христијанска вероисповед, да упатам срдечни честитки по повод празникот посветен на Христовото воскресение – Велигден.
Честитајќи Ви го овој голем христијански празник, Ви посакувам добро здравје, благосостојба и духовен мир. Велигден го празнува животот од кој се раѓаат љубовта и надежта како симболи на победата над смртта. Милоста Божја и неговата безрезервна љубов, нека Ви бидат утеха и поткрепа во секојдневното живеење, се вели во честитката на Дехари упатена до граѓаните на Општина Кичево од христијанска вероисповед. рз/вј/