Тренерот на Задар, Анте Назор, побара од своите избраници на натпреварот со МЗТ Скопје Аеродром да одиграат посветено во текот на сите 40 минути.

Време е да одиграме машки цел натпревар. Ако го дадеме максимумот од првата до последната минута, тогаш верувам дека ќе славиме уверлива победа. Но ако некој ми понуди, веднаш ќе прифатам и победа од еден поен. Најважно е да обезбедиме опстанок во АБА-лигата. Мотивација нема да ни недостасува. Најважно е да ги земеме искористиме клучните моменти. Го респектирам противникот и мислам дека нема да ни биде лесно. Доказ за тоа се двата претходни натпревара, изјави Назор. Задар попладнево од 18 часот го пречекува МЗТ Скопје во одлучувачкито дуел од бараж-серијата за учество во регионалната АБА-лига.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/04/2019 14:50