МЗТ Скопје не успеа да се врати во елитното друштво на регионалната АБА-лига, откако вечерва ја загуби мајсторката на гостувањето кај Задар со 86-75 (50-40).

Тренерот на МЗТ, Ѓорѓи Кочов на денешниот натпревар не можеше да смета на најдобриот стрелец на тимот, Андрија Бојиќ, па ова може е една од причините за поразот.

Скопскиот тим бркаше негатива целиот меч, имаше и двоцифрена негатива, но во последната четвртина стигна до израмнување (68-68). Серијата од 10-2 на противникот, сепак, беше доволна за Задрани да го заверат билетот за настап во АБА-1 следната сезона.

Иванов и Медфорд постигна по 22 поени за „металците“, додека кај победничкиот тим Жориќ одигра одличен натпревар, откако реализираше 29 поени и 10 скокови.

Тимот од „Јане Сандански“ сепак нема загарантирано место во АБА-2 за следната сезона, откако за тоа да се случи, треба да се пласираат во финалето на домашната лига.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2019 03:13