Во Центарот за култура „Кочо Рацин” во Кичево, се одржа петнаесеттиот „Велигденски концерт“ на КУД „Рацин“, што работи во рамки на Центарот.

Маја Николоска Сиљаноска од Центарот за култура во Кичево изјави дека на концертот биле изведени повеќе сплетови на македонски ора, песни и оркестарски изведби.

– Нашите играорци ги изведоа ората, „Посеље“, „Поречки игри“, „Бркање на чумата“, „Водарки“, „Игри од скопско“ и „Малешевка“. Вокалната група се претстави со песните „Седнав да вечерам“, „Сношти те пратив на вода ќерко“ и „Љубов голема“. Концерт беше збогатен и со оркестарските ора „Касапско“ и „Ќупурлика“. Со богатата понуда се надеваме дека во целост ги задоволиме вкусовите на многубројните љубители на фолклорот од нашиот град, додаде Николоска Сиљаноска.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2019 18:50