Уште еден пример за поврзаност на групацијата на Сашо Мијалков со актуелните владејачки структури на СДСМ – открива „Економски Лидер“.

Овој пат, во пресрет на вториот круг од локалните избори во Охрид, со документи откриваме милионска поврзаност на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Охрид, Константин Георгиевски, со кумашинот на Сашо Мијалков, Жарко Луковски.

Жарко Луковски е своевиден пример за негативните страни на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2016. Тој, во голем дел од овој период беше директор на „Телеком“, а е познат по тоа што му е кумашин на екс директорот на УБК Сашо Мијалков и што беше сопственички поврзан во голем дел од компаниите на Мијалкови.

Против кумашинот на Мијалков во овој момент се водат неколку процеси од страна на Специјалното Јавно Обвинителство (СЈО).

За неговите бизнис потфати во изминатите неколку години медиумите пишуваа на долго и на широко, но, кој би помислил дека тој е партнер на човек кој во моментов е кандиат на СДСМ за да ја води една од најголемите општини во Македонија, Општина Охрид?

Документите од „Катастар за недвижности“, до кои стигна „Економски Лидер“ – покажуваат дека кумашинот на Сашо Мијалков, Жарко Луковски, поседува атрактивна парцела на охридското крајбрежје заедно со кандидатот на СДСМ за градоначалник на Охрид, Костадин Георгиевски.

Се работи за имотниот лист со број 786, за сопственост на парцелите 2743/2 и 2743/3, кои се наоѓаат на атрактивна локација во месноста „Конско“.

Според имотниот лист, парцелите се со вкупна површина од 4,736 метри квадратни и двајцата сопственици, Георгиевски и Луковски се сопственици со еднаков удел 50-50.

Целиот текст можете да го прочитате на lider.com.mk



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2019 19:49