Кошаркарите на Портланд блејзерс забележаа победа со 97:90 во вториот натпревар со Денвер во четвртфиналето од НБА-плејофот.
Како решавачка во „Пепси центар“ за триумфот на Портланд се покажа предноста од првото полувреме која изнесуваше 15 поени (50:35).
По два натпревара резултатот во серијата која се игра до четири победи е изедначен 1:1.
Другите двојки се: Милвоки – Бостон 1:1 во победи Филаделфија – Торонто 1:1 и Голден стејт – Хјустон 2:0.