Кошаркарот на Бруклин, Д’Анџело Расел, доби суспензија од судот во Њујорк поради поседување марихуана, објавија медиумите во САД.

Опојната супстанца била пронајдена во багажот на кошаркарот за време на рутинска проверка на аеродромот во Њујорк.

Полицијата го испрашала играчот и му поднела пријава до судот. Сега Расел се соочува со парична казна.

За потсетување, Расел во текот на летниот период ќе биде слободен играч без договор.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/05/2019 13:59