Во петте основни училишта во Штип и официјално почнаа уписите на првачиња за учебната 2019-2020 година.
Раководителот на Секторот за образование, јавни дејности и ЛЕР во Општина Штип, Билјана Казанџиска вели дека сите училишта имаат тимови, кои се задолжени за уписите на првачињата, годинава имаат поголем број во споредба со минатата година. Но, во септември ќе се знае точниот број на ученици во прво одделение, кои ќе седнат во училишните клупи.
-Оваа година, според бројот на родени деца во 2013-2014 година очекуваме во прво одделение да се запишат 583 дечиња. При уписот ќе бидат почитувани сите одредби поврзани со реонизацијата на училиштата и законските прописи за упис на деца во прво одделение, рече Казанџиска.
Таа додаде дека ќе се почитуваат и насоките дадени од Владата и Министерството за здравство, во кои децидно стои дека нема да се запишуваат првачиња кои не се вакцинирани, а родителите треба да прикажат потврда за примени вакцини, особено за МРП-вакцина