Во трите средни општински училишта, колку што функционираат во општините Дебар, Маврово и Ростуше и Центар Жупа, оваа учебна година образованието го завршуваат 215 ученици.

-Во нашето средно училиште годинава завршуваат 168 матуранти. Од вкупната бројка 47 се со настава на македонски, во три паралелки, од кои една во селото Могорче и 121 на албански наставен јазик во пет паралелки, изјави за МИА, Рамадан Имери, директор на дебарската гимназија „28 Ноември “.

Во СОУ „Маврово-Ростуше“ во Ростуше, според директорот на училиштето Исмет Абдули, во учебната 2018/2019 година завршуваат 30 ученици, сите на македонски мајчин јазик.

-Во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа бројот на матурантите е 17, од нив тројца се со настава на македонски и 14 на турски наставен јазик, потврди за МИА дирекорот на гимназијата Аќиф Селман.

Поради светиот месец Рамазан, кој за верниците од муслиманската вероисповед почнува на 6 мај, матурската вечер и неколкудневните екскурзии за учениците завршија.

Дебарските матуранти беа на неколкудевна екскурзија во Охрид и Албанија. Во оваа соседна земја беа и матурантите од Ростуше, додека оние од Центар Жупа беа на неколкудневна екскурзија во Турција, по што повторно се вратија на настава.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/05/2019 18:41