Стручната педагошко-психолошка служба на основното општинско училиште „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка упати повик до родителите на сите дечиња кои заклучно со 31 декември 2019 година ќе наполнат шест години да ги запишат дечињата во прво одделение за следната учебна година.
-Согласно со Законот за основно образование на Република Северна Македонија, се известуваат сите родители на деца кои до крајот на тековната година ќе наполнат шест години дека уписот за претстојната учебна година, 2019/2020 се врши од почетокот на мај, односно започна од вчера. Родителите до комисијата за упис треба да достават потврда за примени задолжителни вакцини, посочија од службите при ООУ „Јоаким Крчовски.
Оттаму порачаа сите родители на деца од реонот на училиштето навреме да ги завршат своите обврски. Во учебната 2018/19 година во ова училиште учат 94 првоодделенци, кои посетуваат настава во централното и подрачнте училишта.
И од останатите училишта од овој регион, ООУ „Илинден“ во Крива Паланка и ОУ „Христијан Тодоровски-Карпош“ од Ранковце ги повикаа родителите на деца кои до крај на годината навршуваат 6 години да извршат упис на истите во прво одделение.