Во организација на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, драмското студио „Миладин“ и хорот „Калистрат Зографски“ денеска и утре ќе се одржи традиционалниот избор на највелигденско јајце.

Право на учество имаат сите лица без разлика на возраст и пол, а јајцата треба да се декорирани во духот на православното предание.

Манифестцијата почнува денеска на пладне на платото пред Центарот за култура, а утре во 19 часот експонатите ќе бидат прикажани на изложба. Според програмата, беседа ќе одржи отец Стефан Санџакоски, а ќе настапат детскиот хор „Калистрат Зографски“ и драмското студио „Миладин“ со сценско музички рецитал „Воскресението – Вечен живот“.

Најкреативно украсените велигденски јајца ќе бидат наградени.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2019 12:26