По повод Рамазан, месецот на постот што почнува утре, порака за добро здравје, среќа и духовен мир до припадниците на исламската веросповест од регионот и пошироко, упатија градоначалниците на Дебар, на Маврово и Ростуше и на Центар Жупа, Хекуран Дука, Медат Куртовски и Аријан Ибраим.

– Рамазан доаѓа да ги омекне нашите души, да ја зголеми трпеливоста и толеранцијата, да ги споделиме добрините што ни ги даде Создателот на универзумот, да се одвратиме од злото и да го нарачуваме доброто, да имаме милост и пред се да сме праведни, бидејќи само на овој начин можеме да ги решиме проблемите и да ги задоволиме нашите заеднички потреби. Сите заедно треба да жртвуваме помалку со единствена цел, да ги исправиме грешките и заедно да одиме напред да обезбедиме подобра иднина за нас и за нашите деца. Ви посакувам лесен пост и хармонија во вашите семејства,стои во честитката на дебарскиот градоначалник Дука.

Рамазани Шериф Мубарек Олсун за сите муслимани, жители на Општина Маврово и Ростуше, и за сите муслимани ширум светот, посакува градоначалникот Медат Куртовски од свое и име на Советот на општината.

-Светиот месец Рамазан, е месецот во кој се практикува постот, молитвата, споделувањето на храната и убавиот збор, месецот во кој се обединуваат семејствата, соседите и пријателите, се среќаваат познати и непознати, се споделуваат со нив желби за добро здравје, мир и спокој во нефсот и душата, среќа и благосостојба во домот за сите луѓе. Аллах нека ги исполни нашите домови со радост, нашите срца со добрина, нашиот живот со здравје и среќа, денес, утре и секој ден, стои во рамазанската порака на Куртовски.

Честит месец Рамазан, најдрагиот Мусафир (гостин) на кој верниците муслимани му се радуваат, посакува и градоначалникот Ибраим со желби за добро здравје, благосостојба и духовен мир, споделување храна, убав збор со соседите, пријателите,…



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2019 16:45