До доцна вечерва се очекуваше конечната бројка од предвремените локални избори кои се оддржаа во Општината Ново Село.

По 100% пребројани гласови, кандидатот на СДСМ и Коалицијата Никола Андонов освоил 2.885 гласа наспроти неговиот противкандидат предложен од ВМРО-ДПМНЕ, Николќо Стоилков кој освоил 2.866 гласа.

Сепак разликата од 19 гласа на конечната бројка е премногу ниска за да со сигурност се каже дека Андонов е новиот градоначалник на Ново Село бидејќи неофицијално од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе достават неколку приговори до ДИК бидејќки како што велат во текот на изборниот ден биле забележани низа нерегуларности на гласачките места.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2019 04:47