Екипите на Торонто репторс и на Денвер нагетс изедначија во четвртфиналната серија од разигрувањето за титулата во НБА-лигата, откако синоќа беа поуспешни на теренот кај своите ривали.

Резултати:

Филаделфија – Торонто 96:101 Портланд – Денвер 112:116.

Резултатот во серијата прв до четири победи е 2-2.

Кај другите две двојки Милвоки води против Бостон со 2-1, со истиот резултат Голден стејт има предност над Хјустон.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2019 10:41