Новинарот на „ЕСПН“ Адријан Војнаровски го најави можниот трансфер на Клеј Томпсон од Голден стејт во Лос Анџелес клиперс.

– Ако Голден стејт му понуди на Клеј Томсон максимум петгодишен договор за 190 милиони, тие ќе го потпишат договорот на 1 јули, тврди Војнаровски.

Ако „воините“ се обидат да се договорат за други услови, нека бидат подготвени Томсон да ги напушти и да влезат на пазарот на слободни агенти. Ако тоа се случи, следна негова дестинација најверојатно ќе биде ЛА клиперс, стои во информацијата на ЕСП.

29-годишниот Томпсон во тековниот НБА плејоф настапи на 10 натпревари, во просек, постигна 16,5 поени по натпревар, со 4,1 скока и 1,7 асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2019 13:15