Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Стојан Ѓуроски денеска потпиша договор со шпанска Мелиља. Тој ќе се обиде да помогне на новиот тим во обидот да се пласира во првата Шпанска лига, а дебитито во дресот на новиот тим ќе го има против Ваљадолид.

Ѓуроски не успеа да обезбеди плејоф со екипата на Хуеска во второлигашката конкуренција во Шпанија, по што се пресели во новиот тим со цел да избори влез во АЦБ лигата.

Крилото во регуларниот дел од сезоната беше најдобар стрелец за својот тим со просек од 14.4 поени по натпревар.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2019 18:48