Стеф Кари ги постигна сите свои 33 поени во второто полувреме, а и покрај отсуството на ѕвездата Кевин Дурант, Голден Стејт го победи како гостин Хјустон со 118:113 и ја освои со 4:2 полуфиналната серија во Западната конференција на НБА.

Клеј Томпсон додаде 27 поени и помогна на двократните шампиони да стигнат до финалето на конференцијата за петта година по ред, елиминирајќи го Хјустон по четврти пат во последните пет сезони.

Со кош на Џејмс Харден „ракетите“ го намалија заостатокот на 104:107 на 58.2 секунди пред сирената, но Томпсон реализира важна тројка при преостанати 36.1 секунди за 110:104 за Голден Стејт.

Харден заврши со 35 поени, а Крис Пол постигна 27 за Хјустон.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2019 12:58