Лос Анџелес Лејкерс ја разгледува кандидатурата на Џеј Би Бајкерстаф за позицијата тренер, објави „Лос Анџелес тајмс“.
Менаџментот на клубот се сретнал со тренерот вчера. Тој е втор тренер со кој „езерџиите“ спровеле интервју за слободниот пост, по поранешниот ментор на Индијана и Орландо – Френк Фогел.
Лејкерс се очекуваше да го назначи Тајрон Лу, но преговорите меѓу двете страни пропаднале во последната минута. 40-годишниот Бајкерстаф беше на чело на Мемфис во последните две сезони, но беше отпуштен во април.
Раководството на Лос Анџелес Лејкерс бара нов тренер откако го прекина договорот на Лук Волтон во април. Тимо до Л.А. не се квалификувале за НБА плејофот од 2013 година.