Екипите на Портланд блејзерс и Торонто репторс ќе играат во полуфиналето од НБА плејофот, откако ноќеска ги добија седмите натпревари во четвртфиналната серија.

Торонто на домашен терен беше поуспешен од Филаделфија со 92:90. Предноста од првата четвртина (18:13) се покажа како пресудна за победата на канадскиот тим. Следните три периоди со по еден поен разлика им припаднаа на „сиксерси“.

Неизвесна борба се самиот финиш се водеше и на мечот во Денвер каде на крајот се радуваше Портланд со резултат 100:96. И на овој дуел домаќините беа подобри само во првиот период (29:17), но овој пат тоа не беше доволно за успех.

Во финалето на Источната конференција се среќаваат Милвоки и Торонто, додека на Западот играат Голден стејт и Портланд. Се игра до четири победи.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/05/2019 10:15