Кошаркарите на Фенербахче во Виторија по петти пат по ред ќе играат „Фајнал фор“ на Евролигата, а таму ќе мора да се потпрат на Костас Слукас, кој се смета за вистински мајстор во дуелите од финалната четворка.

„Фенерите“ ќе играат ослабени во Виторија против Анадолу Ефес во полуфиналето, откако Џиџи Датоме и Жофри Ловерн нема да настапат, досека под знак прашалник се и Никола Калиниќ и Јан Весели. Сепак тој смета дека во тимот не смее да има изговори и дека тренерот на турскиот тим, Жељко Обрадовиќ, знае да победува и во навидум изгубени сиутации.

– Не бараме изговори. Ние треба да се бориме повеќе од било кога. Ние треба да ги следат инструкциите на Обрадовиќ. Дури и во овие ситуации, тој знае како да се победи. Значи, тоа е најважно. Ќе ни треба и среќа. Мораме да се бориме сите 40 минути, тоа е тоа, изјави Слукас за „Еврохупс“.

И во текот на сезоната, Фенербахче добиваше натпревари без големи играчи, но Слукас смета дека тоа нема да помогне на „Ф4“ во Виторија.

– Тоа се различни натпревари, се оставаме зад себе и јас не сум сигурен дека тоа искуство ќе ни биде од некоја помош. Можеби да, можеби не. Ние мора да бидеме смирени и главата да ни биде чиста. Тоа нема да биде изговор, тоа е начин на гледање на тренерот, клубот и моите соиграчи. Ќе се бориме за секој натпревар. Повредите се дел од играта. Ние сме среќни што сме на „Фајнал фор“. Играме против многу добар тим, Ефес е опасен, талентиран, заклучи Слукас.

Полуфиналето помеѓу турските тимови е закажано за 17 мај за 18 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2019 02:22