Бранителот на трофејот Голден стејт рано утрово забележа убедлив триумф над Портланд во првиот натпревар од полуфиналето на плејофот во НБА-лигата. „Воините“ ноќеска славеа со 116:94 за водство од 1-0 во серијата прв до четири победи.

Стеф Кари со 36 и Клеј Томпсон со 26 поени беа најефикасни во победничкиот тим. Кај Портланд се истакна Лилард со 19 поени.

Вториот меч од финалето во Западната конференција на распоредот е на 17 мај повторно на теренот на ГС.

За вечер во 2:30 по полноќ е закажан стартот на финалната серија во Источната конференција. На првиот дуел Милвоки ќе му биде домаќин на Торонто.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2019 10:14