Поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ е избран за нов претседател на Кошаркарската федерација на Северна Македонија.

Антиќ на денешното Изборно собрание во Скопје едногласно беше избрана како единствен кандидат.

Во својата богата играчка кариера, 36-годишниот Антиќ беше дел од Работнички, АЕК, Црвена ѕвезда, Лукоил, Санкт Петербург, Олимпијакос, Фенербахче. Од 2013-2015 настапуваше за Атланта и беше првиот Македонец во НБА-лигата.

Покрај многуте трофеи од националните првенства, Антиќ има и три титули европски шампион. Беше член на македонската репрезентација која на ЕП 2011 во Литванија го освои 4. место.

Перо Антиќ е деветтиот претседател на МКФ. Пред него по осамостојувањето на нашата држава први луѓе на кошарката беа: Благоја Самаковски (1992-93), Зоре Темелковски (1993-97), Јордан Камчев (1997-1999), Горан Рафајловски (1999-2001), Леонид Гајдаџиев (2001-04), Драгољуб Арсовски (2004-05), Даниел Димевски (2005-15), Петар Наумоски (2015-19).



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2019 13:18