Кошаркарот на ЦСКА Москва, Вил Клајберн е прогласен за најкорисен играч (МВП) на финалниот турнир од Евролигата.

ЦСКА го освои трофејот по синоќешниот триумф со 91:83 над Анадолу Ефес. Во финалето Американецот постигна 20 поени и, заедно со Кори Хигинс беа најдобри стрелци во својот тим.

Рускиот кошаркарски великан го освои осмиот наслов европски шампион и сега е на само два трофеја зад најдобриот тим Реал Мадрид кој има 10 трофеи.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/05/2019 16:16