Полициски екипи на СВР-Велес изминатата сабота извршиле контрола на возачи кои управуваат велосипеди со помошен мотор и мотоцикли.

Притоа биле регистрирани 38 прекршоци, а од кои во Велес 16, во Кавадарци осум и во Неготино 14 прекршоци.

Портпаролот Верољуб Додевски информира дека на несовесните возачи им се изречени прекршочни казни и писмени опомени.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/05/2019 17:53