На граничниот премин Табановце вчеравечер при преглед на товарно возило „Форд Транзит“ со бугарски национални ознаки, управувано од П.П. (47) од Република Бугарија, во кровниот дел од возилото, во наменски прилагоден простор, царински и полициски службеници пронашле осум лица-мигранти од Ирак, кои не поседувале документи за идентификација, информираат од МВР.

Возачот П.П. бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/05/2019 18:53