Формирани се двојките за полуфиналето во плејофот од домашното кошаркарско првенство. МЗТ Скопје Аеродром Суперлигата ја заврши на првата позиција и за противник ќе го има Гостивар кој беше четврти.
Другата полуфинална двојка ќе ја сочинуваат второпласираниот Работнички и Блокотехна која беше трета.
Ова е епилогот по одигрувањето на натпреварите од последното, 10.коло во Суперлигата во кое Работнички го победи МЗТ Скопје со 88:84, Блокотехна – Куманово 78:55 и Кожув – Гостивар 86:89.
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 55 бода, Работнички 54, Блокотехна 52, Гостивар 51, Кожув 42, Куманово 41.
Од Првата лига испаѓа Шкупи, додека АВ Охрид ќе игра бараж за опстанок со подобриот од пресметката меѓу ФМП и вториот тим на МЗТ Скопје.