Трикратниот европски шампион во кошарка Олимпијакос службено е исклучена од првата лига.
Дисциплинскиот судија на Грчкиот кошаркарски сојуз одлучи да го испрати славниот клуб од Пиреј во втората лига.
Образложението за ваквата одлука е дека Олимпијакос одбил да се појави на теренот на четвртфиналниот натпревар на плеј-офот против Панатинаикос.
Според службеното соопштение, Олимпијакос е исклучен од плеј-офот и поставен е на последното место на табелата, што значи дека идната сезона ќе игра во понизок ранг на натпреварувања, но тоа не е се, европскиот шампион натпреварувањето во втората лига ќе го започне со минус шест бодови.