Огромен смок со гигантски размери денес бил забележан во кратовското село Филиповци.

При работа на поле, неколку работници во непосредна близина случајно го забележале огромниот влекач, по што со стапови го усмртиле.

Изненадени од големината на смокот, го измериле и се запрепастиле кога метрото покажало должина од 4,5 метри, пренесува aberdzija.com

Ова не е единствен случај на гигантски влекачи во Кратово, бидејќи пред само неколку дена Тоше Мијалев во дворот на својата викендичка во Кратово усмрти змија долга 2 метри.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2019 08:19