Тери Стотс уште три сезони, до 2022 година, ќе остане во Портланд, службено објавија Трејлблезерси.
Се уште не се наведени условите за продолжувањето на договорот, но се знае дека 61 годишниот тренерот на тимот од Портланд досега заработуваше по пет милиони долари годишно, со што влезе во листата на осум најдобро платени тренери во НБА лигата.
Стотс имаше одлична сезона годинава, иако на финалето на Западната конференција неговиот тим беше поразен од бранителите на насловот Голден Стејт Вариорс.
Инаку, Тери се наоѓа на клупата на Портланд од 2012 година и под негово водство тимот шест сезони по ред учествува на плеј оф натпреварите.