МЗТ Скопје Аеродром ќе има два тима во наредната натпреварувачка сезона во Првата лига во машка сениорска конкуренција откако второлигашкиот состав денеска се избори за пласман во елитната конкуренција.
Вториот состав на МЗТ Скопје Аеродром, предводен од Горан Крстевски, се надигруваше против Академија ФМП во финалната серија од Втората лига.
Првиот натпревар, одигран пред четири дена го „добија“ кошаркарите на Игор Гацов, а на вчерашниот последен натпревар триумфираа момците од Аеродром со 66-77 односно 16-21, 15-25, 26-11 и 9-20 по четвртини.
Кошаркарите на Академија ФМП имаат уште една шанса за пласман во прволигашката конкуренција преку бараж натпревари против последнопласираниот во Плејаут лигата, Шкупи.