Раководството на ЦСКА Москва и тренерот Димитрис Итудис меѓусебно се согласиле да продолжат со соработката и во блиска иднина официјално треба да потпишат нов договор, објави руска „Известија“.

– Димитрис навистина има интерес од клубовите на НБА. Но, тој самиот сака да продолжи да работи во ЦСКА. Навистина ја сака Русија и клубот и е подготвен да продолжи да работи на неговиот развој, изјави агентот на Итудис, Никос Спанос.

Новиот договор ќе биде на две плус една година.

Итудис оваа сезона ја предводеше ЦСКА до титулата Европски шампион.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2019 10:36