На социјалните мрежи се појави писмено известување со потпис на претседателот на управниот одбор во АД ТЕЦ Неготино во кое се вели дека фирмата ќе организира автобуски превоз за присуство на нивните вработени на геј парадата која ќе се оддржи во Скопје кон крајот на месецот
Почитувани вработени, АД ТЕЦ Неготино, ве известува дека на Геј парадата која ќе се одржи на 29 јуни во Скопје, нашата фирма обезбедува автобуски превоз. Сите вработени кои што се заинтересирани од понеделник да се пријават во фирмата кај организаторите на списокот за евиденција.
Ова покрај другото се истакнува во соопштението од државната ТЕЦ Неготино, за организацијата на геј парадата.
– Нашата фирма со големо задоволство ги поддржува настаните од ваков карактер, се вели во соопштението до вработените.