Кошаркарот на Голден стејт вориорс, Кевин Дурант ќе ги пропушти следните два финални натпревара против Торонто репторс.

Причина за отсуството на Дурант во овие многу важни натпревари од финалето на НБА е повредата на ногата со која се здоби во дуелот на финалето на Западната конференција против Портланд.

Според „Јаху спортс“, Дурант нема да игра на вториот, а можеби и третиот натпревар, а најголема веројатност за негово враќање ќе биде четвртиот натпревар од големото финале.

За важноста на овој кошаркар за „вориорси“ покажа и првиот финален дуел во кој Голден стејт беа поразени од Репторси.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2019 10:51