Најдобриот кошаркар на светот Леброн Џејмс во неговата богата колекција на пехари од синоќа ја има и еврпската шампионска титула во фудбал.

Ѕвездата на НБА, иако не придонесе на теренот за победата на Ливерпул, сепак, како акционер на англискиот клуб, навиваше за европскиот шампион со кој освои уште една титула од неговата богата колекција од две олимписки злата и три НБА прстени.

Џејмс синоќа на „Твитер“ на почетокот им посака среќа на „своите“ играчи, потоа во второто полувреме побара втор гол, за на крајот да прослави и да им честита на сите кои се поврзани за клубот.

Инаку, Џејмс е голем навивач на Ливерпул, што го натерало и да купи два отсто од акциите на англискиот клуб за кои платил шест милиони фунти.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/06/2019 13:06