Кошаркарите на Торонто репторс го вратија брејкот на Голден стејт и ја вратија предноста во финалната серија од плејофот во НБА лигата.

Рано утрово во Оукленд, канадскито тим победи со 123:109 и поведе со 2-1 во серијата прв до четири победи.

Ниту 47-те поени на Стеф Кари не беа доволни актуелниот шампион да го избегне поразот.

Во победничкиот тим најефикасен беше Кавај Ленард со 30 поени.

Четвртиот дуел ќе се игра на 8 јуни исто така на теренот на Голден стејт.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2019 10:56