Кошаркарот на Голден стејт, Стеф Кари постигна 47 поени во третиот натпревар од финалната серија на НБА плејофот со Торонто (109:123). За 31-годишниот кошаркар, ова е најефикасниот натпревар во разигрувањето за титулата.

Кари, исто така, се најде на деветтото место на листата на играчи кои успеале да освојат повеќе од 45 поени во финалната серија.

Во натпреварот со Торонто одигран рано утрово, Американецот постигна 11 поени повеќе од сите други кошаркари на Голден Стејт кои се појавија во почетната петорка.

По три натпревари, канадскиот клуб води со 2-1 во серијата прв до четири победи.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2019 11:12