Клеј Томпсон од Голден Стејт скина лигаменти за време на дуелот бр.6 од финалето на НБА, објави „ЕСПН“.
Торонто ги детронира „воините“ и стана шампион за прв пат во својата историја.
Дваесет и девет-годишниот бек беше фаулиран во третиот период од шестиот натпревар помеѓу Голден Стејт и Рапторс, по што го повреди коленото.
Томпсон, кој ја освои титулата на НБА во 2015, 2017 и 2018 година, присилно го напушти теренот, а потоа бил забележан како се движи со патерици.
Голден Стејт не можеше да смета и на Кевин Дурант, кој доби повреда на Ахиловата тетива во петтиот натпревар помеѓу Голден стејт и Торонто. Се очекува Дурант да ја пропушти целата следна сезона во НБА.