Во седмиот натпревар од финалето на турскиот кошаркарски плејоф, Анадолу Ефес го победи градскиот ривал од Истанбул, Фенербахче со 89:74 и стана шампион на земјата.

Најефикасен играч на средбата беше напаѓачот Шен Ларкин со 38 поени кој го доби и признанието МВП.

За Ефес ова беше вкупно 14 титула шампион на Турција и прва по десетгодишната доминација на Фенербахче.

Оваа сезона Ефес играше и во финалето на Евролигата каде загуби од ЦСКА Москва.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2019 12:22