Раководството на НБА-лигашот Лос Анџелес лејкерс излезе од трката по 27-годишниот кошаркар на Торонто, Каваи Ленард.

Според „Фокс спорт“ Ленард нема да стане дел од „езерџиите“ во следната сезона дури и ако клубот обезбеди пари за да го потпише максималниот договор.

Ленард по завршување на сезоната 2018/19 стана слободен агент, но може да остане во канадскиот клуб со потпишување на нов договор.

Минатото лето, играчот дојде во Торонто од Сан Антонио и беше еден од најзаслужниот за историскиот прв трофеј на клубот во НБА-лигата.

Воедно, Ленард беше прогласен за МВП на финалната серија.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2019 10:58