Македонскиот кошаркарски репрезентативец Љубомир Младеновски повеќе не е член на МЗТ Скопје, откако играчот и клубот постигнаа заедничка согласност за раскин на договорот кој имаше важност и за следната сезона,соопштија од клубот од Аеродром.

Центарот изразил желба повторно да се проба во странство, по што управата на актуелниот шампион решила да му излезе во пресрет.

Младеновски кај „металците“ се врати пред почетокот на минатата сезона по едногодишен престој во словенечкиот тим Илирија. Младеновски сезонава одигра 16 средби во АБА2-лигата, на кои оствари просек од 4,9 поени и 3,3 скока.

Во домашното првенство, пак, одигра 31 средба со просек од 7,8 поени и 6,4 скока.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2019 18:58