Кошаркарот на Голден стејт сака да остане во редовите на „вориорс“, но за да потпише нов петгодишен договор бара 190 милиони долари.
Дваесет и деветгодишниот Томпсон преговорите со клубот од Оукленд ќе ги започне на 30 јуни кога се отвора пазарот за слободни агенти.
Претходно беше објавено дека Томпсон можеби ќе направи трансфер во Лос Анџелес клиперс доколку Голден Стејт одбие да му понуди максимален договор.
За потсетување, Томпсон се здоби со повреда на вкрстените лигаменти на левото колено во финалето од НБА плејофот во кое Торонто со 4-2 беше поуспешен од Голден стејт.