Изложба „Вагон за спиење-изложба и карикатури“ од светски познатиот карикатурист Дарко Дрљевиќ од Црна Гора ќе се одржи денеска во галерија Остен.
Како што соопштуваат од галерија Остен, Дарко Дрљевиќ се занимава со карикатура, сликарство, илустрација, графика и со анимиран филм. Работел за многу црногорски дневни весници: „Побједа”, „Публика”, „Република”, „Дневне новине”, како и магазините „Омладински покрет” (каде ја започнал својата кариера во 1984 г.), „Ошишани јеж”, „Илустрована политика”, „Вечерње новости”, „Блиц” и други. Бил и соработник на многу весници во регионот, како што се мариборскиот дневен лист „Вечер”.
На Меѓународниот фестивал во Земун 2000 година е прогласен за „Карикатурист на годината” во Србија и Црна Гора. Објавил книга на карикатури и куси раскази во 2010 година. Добитник е и на посебна награда за сликарство во Накциван – Азербејџан во 2013 година.